Летните проекции на Контра Кадар Скопје продолжуваат на отворено, со прикажување на филмот „Крадци на велосипеди (Bicycle thieves)“ во вторник на 12 јули.
Bicycle thieves (1948) на Виторио де Сика е еден од најсјајните примери на италијанскиот неореализам. Самиот филмски правец е одраз на една општествена реалност по завршетокот на втората светска војна и на бедата и мизеријата во која живее народот, и се труди да го прикаже секојдневието на обичниот човек и проблемите со кои се соочува. Филмот ја раскажува приказната за еден работник кој го бара својот украден велосипед, од што му зависи работата која толку тешко ја добил, а со тоа и егзистенцијата.
Филмот отвара прашања за состојбата до која што е доведен човекот во време на општествена криза. По филмот следи отворена дискусија.
Проекцијата е најавена во 20 часот, (МАПА) , во дворот на ул.Рајко Жинзифов бр.22 , спроти Градежен факултет.