Создадени екстензии за блокирање на Pokѐmon Go на Гугл Хром

Бидејќи на доста корисници на интернет им  е „преку глава“ од моментално најпопуларната игра за паметни телефони – Pokѐmon Go, Гугл создаде екстензија која ги блокира сите објави поврзани со играта.

Екстензијата е наречена PokѐGone, а е бесплатна и може да се преземе на овој линк. За жал, судејќи според многу лоши оценки на Chrome web store, не функционира за секого, пишува Mashable.

Друга екстензија која е исто така бесплатно достапна е Pokѐmon NO! Pokemon Blocker, која има многу подобри оценки од корисниците. Идејата е истата – ги отстранува сите објави поврзани со Pokѐmon од Хром пребарувачот. Сепак, оваа екстензија функционира подобро од претходната.

Сепак, лошата страна на користењето на овие екстензии е што поголемиот дел од содржината на Твитер и Фејсбук нема да има смисол, додава порталот.