[Видео] Обид за државен удар во Турција, борбени авиони летаат над Анкара

Авиони и хеликоптери летаат над главниот турски град Анкара, откако воени службеници ги затворија двата најголеми мостови во Истанбул. Тие велат дека ја презеле контролата врз земјата.

Во соопштението на воената група се вели:

„Моќта во државата е преземена во целост“, но кој ја преставува група се уште е непознато. Тие најавија и преземање на државната телевизија.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим соопшти дека група на војници направиле „обид за државен удар” против владата.

Според премерот, голем број на генерали се вклучени во преземање на власта. Турските медиуми, пак, објавија дека шефот на турските вооружени сили генералот Хулуси Акар е под заложништво во Генералштабот.

„Ние нема да го дозволиме овој обид. Оние кои се вклучени во овој нелегален чин ќе ја платат највисоката цена“.

Босфорскиот мост во Истанбул и Фатих Султан Мехмет наводно, се затворени од страна на турската армија, објавија локалните телевизиски канали, без да дадат причина.

Во видеото на новинската агенција Доган се прикажани автомобили и автобуси како се пренасочени.

Сведоци од Истанбул за Ројтерс изјавиле дека и таму забележале хеликоптери, додека во главниот град се слушнати и истрели.

Сепак, се уште официјално не е позната причината за овие настани.

[ВИДЕО] ВО ЖИВО ОД ТУРЦИЈА: ЕРДОГАН ГИ ПОВИКА ЛУЃЕТО ДА ОДГОВОРАТ НА ВОЕНИОТ УДАР