Утревечер (среда), во 20 00 часот ќе се одржи уште едно ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно.
Овој настан е од јавен карактер, што значи дека на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст.
Патеката по која ќе се пешачи е долга прилично 5 км и се пешачи околу час и половина, до два часа.
Зборно место е „О.У. Кочо Рацин”, додека оние кои сакаат да тргнат од средно Водно, треба да бидат кај фонтаната „Воин на коњ„ во 20:15 часот.
Ќе има една официјална пауза и тоа на Средно Водно, од пет до 10 минути.
Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– Фенер
– Резервна маица
– 0.5/1.5 литри вода
– Овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај
Организаторите напоменуваат, доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, се препорачува да се искачи само до Средно Водно, како и тоа дека секој е на своја одговорност.