[Галерија] Полиња со лалиња како апстрактна уметност

Делата на германскиот уметник Бернхарт Ленг од птичја перспектива изгледаат како сликите на Пит Мондријан, иако се само фотографии од полињата со лалиња во Кеукенхоф.

„Тоа што ме интригира е што нема едно квадратче останато во светот кое не било обликувано од човештвото, дури ни во шумите. Природата секаде се повлекува. Тоа е нешто што не можеме да го разбереме од нашата вообичаена перспектива на земјата“, вели Ленг за инспирацијата зад овој проект.

Минхенскиот уметник, кој студирал комерцијална фотографија, вели дека отсекогаш бил личност која бара седиште крај прозорецот на долг лет. Но, во 2010, летајќи над Сибир, ја развил идејата за неговиот проект Aerial Views, која сега опфаќа се – од крајбрежја до сточни фарми. За проектот ја добил Сони светската награда за фотографија во 2015 година.