Со вкупно 1237 гласови на електорите на Републиканската партија, што е најмногу досега во историјата на партијата, Доналд Трамп синоќа и официјално стана кандидат за претседател на десничарската партија во САД.
„Јaс сум многу горд што сум ваш кандидат за претседател на Соединетите Држави“, изјави Трамп преку видео пренос од Трамп кулата, пренесува Guardian.
Trump beams into the #RNCinCLE convention. pic.twitter.com/Or5l5tnH4G
— Paul Owen (@PaulTOwen) July 20, 2016
„Заедно добивме историски резултати, со најголемиот број на гласови во историјата на Републиканската партија. Ова е движење и треба да одиме до крај“.
Во триминутното обраќање, Трамп повторно спомна голем број политики кои ќе ги промени доколку стане претседател, како „зацврстувањето на границата, отстранување на ИСИС и враќање на законот и редот“.
Освен Трамп, во трката за републиканската кандидатура беа уште 16 членови на партијата. Секоја од 50-те земји, како и дисктриктот Колумбијам преку електори гласаа за својот фаворит, меѓу кои и Тед Круз, Марко Рубио, Џеб Буш и Џон Касич.