[Галерија] Најкреативните пешачки премини низ светот

Без разлика дали за безбедност, уметност или нешто друго, пешачки премини во различни градови низ светот се трансформирани во шарени и необични дизајни – од виножита и типки на пијано, до пржени компирчиња и куршуми.

Цирих, Швајцарија: МекДоналдс создаде пешачки премин – помфрит, пред еден од нивните ресторани во Цирих.

Монтреал, Канада: Уште едно дело на Roadsworth направено во 2003 година, кое трансформира обичен пешачки премин во редица куршуми.

Тбилиси, Грузија: Како дел од кампања за безбедност на пат, студенти на Академијата на уметности на Тбилиси ја насликале оваа тродимензионална слика на пешачки премин со пораката „за вашата безбедност“.

Чонгкинг, Кина: Пешачки премин кој личи на музичар кој свири на пијано.

Ломпок, САД: Оваа слика од песок и школки на Линда Пауерс била насликана годинава, во рамки на натпреварот Креативни премини.

Детроит, САД: Декоративен пешачки премин создаден за време на 24-тиот годишен Конгрес за нов урбанизам.

Сантијаго, Чиле: Дело на Roadsworth од 2013 година.

Ченгду, Кина: Младенци преминуваат „љубовна зебра“ на Св. Валентин во 2009 година.

Винстон-Салем, САД: Пешачки премин кој личи на индустриски појас, направен од Roadsworth во 2009 година.

Тел Авив, Израел: Пешачки премин насликан по повод на геј прајд парадата во јуни 2016.

Шенјанг, Кина: Пешачки премин декориран со отпечатоци од стапала во 2014, чија цел е да промовираат побезбедни премини на патот.

Сан Франциско, САД: Премин-виножито на улицата Кастро, кој ја слави ЛГБТК заедницата и наследството на областа.

Монтреал, Канада: Уште едно дело на Roadsworth направено во 2003 година, кое трансформира обичен пешачки премин во редица куршуми.

Извор: Guardian