Стотина жители на Тетово денеска напладне се собраа пред Општина Тетово за да побараат отстранување на дивата депонијата на влезот на градот, која со години ги труе тетовци.
Граѓаните носеа транспаренти со натписи „Доста нè труете” и симболично истурија ѓубре на влезот на општината.
Тие претходно ги повикаа сите жители на градот заедно со своите семејства да излезат на протест, за да се стави крај на проблемот со дивата депонија. Протестот го организираа жители од Деребој, тетовската населба сместена до депонијата, заедно со локалните граѓански заедници.
Од депонијата и утрово се ширеше неподнослива смрдеа.