Британската амбасада Скопје најави дека од 8 август ќе биде отворен повикот за Чивинг стипендиите, за учебната 2017/2018 година.
Талентираните професионалци од разни области, од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Македонија можат да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање, спонзорирана од британското министерство за надворешни работи и Комонвелт.
Стипендијата нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година 2017/2018.
За разлика од претходните години, оваа година нема приоритетни области за аплицирање, а изборот ќе биде направен врз основа на апликацијата на кандидатот.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 8 ноември. Целосен преглед на временската рамка за аплицирање може да се најде тука. Сите информации се ставени на официјалната страна на Чивнинг стипендиите, како и на официјалниот фејсбук профил.