[Галерија] Канадскиот премиер Трудо ја отвори геј парадата во Ванкувер

Повеќе од половина милион посетители беа дел од геј парадата во центарот на Ванкувер, во канадската провинција Британска Колумбија која беше отворена од страна на самиот премиер на Канада, Џастин Трудо.

Облечен во светло зелена кошула и бели панталони, премиерот Трудо со воодушевување беше пречекан од фановите кои се ракуваа со него и правеа „селфи“, јавија канадските медиуми.

„Денес ја славиме различноста, го славиме заедништвото, го славиме семејството и сите овие нешта заедно значат дека ќе имаме одлична парада на гордоста и е задоволство за мене да бидам тука,”изјави Трудо.

За првпат на Парадата во Ванкувер, актуелен премиер излезе на марш заедно  со сите присутни, но не е прв пат Трудо се приклучи на ваквите прослави. Тој на Парадата маршираше заедно со своето семејство.

prime-minister-justin-trudeau-runs-to-greet-a-participant-as

justin-trudeau-gets-loud-and-proud-in-vancouver7

justin-trudeau-gets-loud-and-proud-in-vancouver11

justin-trudeau-gets-loud-and-proud-in-vancouver2

a-couple-embraces-and-kisses-as-prime-minister-justin-trudea