Банкомат кој ги регистрира емоциите поставен во Нов Зеланд

Во градот Фангареј, на Нов Зеланд поставен е терминал, кој изгледа како банкомат, но наместо да прашува дали имате пари, бара луѓето да опишат како се чувствуваат во моментот.

Машината е дел од уметничкиот проект на организацијата „Moodbank“. Има екран преку кој со минувачите можат да изберат  и да комбинираат повеќе од 1000 опции на расположенија кои им стојат на располагање. „Депозитите“ потоа се групираат и се анализираат и ја покажуваат емоционалната состојба на градот која се објавува на интернет страницата на проектот.

Проектот е идеја на уметницата Ванеса Кроу, која претходно овој терминал го имала поставено и во главниот град Велингтон и во Оукленд. Нејзината желба била да ја истражи улогата на машините во споделување на чувства и искуства. Во Фангареј проектот е донесен на локална иницијатива фокусирана на зближување на заедницата.

Планира објектот да не стои само на едно место, туку по одредено време да се менува локацијата, за да се креира еден вид географска мапа на расположенијата на луѓето.

расположенија

Еш Холвел, задолжена за односи со јавност на групацијата, за Радио Нов Зеланд вели дека целта на проектот е фокусот да биде на добробитта на луѓето, наместо на парите и економскиот раст.

Од повеќе од илјада расположенија кои можат да се изберат на овој „банкомат“ вклучени се и емоции кои не можат да се пренесат со зборови туку преку слики.