Со секои избори доаѓаат и ветувањата на кандидатите кои се тркаат за функцијата нов претседател на САД. Коментирајќи ги социјалните и политички прашања кои се поттикнале со секој претседателски кандидат, Центарот за проучување на политички графики направи 60 постери, од времето на Линдон Џонсон, до сегашните кандидати од Републиканската и Демократската партија. Постерите се дел од изложба поставена во Лос Анџелес. Со критички и забавен осврт на претседателските политики, уметничките постери имаат цел да ги подразмисли гласачите пред изборниот ден.
„Не постои такво нешто како совршен кандидат“, вели Карол Велс, основач на Центарот.
„За да се направи најдобрата одлука, ние навистина треба да ги отвориме очите и да бидеме што е можно пообјективни за она што се случува“, вели таа.
Користејќи ја уметноста како форма на комуникација и протест, интернационалните и американските уметници создадоа сатирични постери од различни теми за кои претседателот се залагал. Темите на постерите се однесуваат на климатските промени, војните или финансирањето на кампањите. Тие имаат за цел да информираат, подучат и да сменат мислење.
„Кога велат дека една слика вреди 1 000 зборови, тоа е вистина“, вели Велс, која веќе четири години ја одржува оваа изложба, откако се отвори Центарот во 1989 година.
„Можеш да зборуваш за добрите и лошите работи за одреден кандидат, но кога некому ќе прикажете слика која се однесува или за добри, или за лоши поенти, тоа навистина останува во човечките глави. Многу полесно е да се игнорира кажаното, отколку слика“, вели Велс, додавајќи дека уметноста е најсилната алатка која постои за комуникација.