Здружението Младите ја организира играта „30 минути до вселенска катастрофа!“, која ќе се одржи во паркот на Франкофонијата, во вторник (18 август), во 18 часот. Настанот требаше да се одржи минатата недела, но поради поплавите, тој беше откажан.
Целта на играта е учесниците да научат корисни вештини и да се стекнат со нови искуства и познанства. Играта е осмислена за учење тимска работа, комуникациски вештини, лидерство и доверба.
„Вселенска катастрофа ненадејно се појавува и e причина поради којашто планетите го губат својот дом. Среќниот и мирен живот e нарушен, па затоа 10те планети немаат избор, мораат брзо да пронајдат нова галаксија. Стани дел од екипата вселенски заштитници. Искористи ја својата храброст, креативност и упорност и врати го мирот во универзумот! Пријави се и стани дел од екипа вселенски заштитници кои имаат задача да ги транспортираат планетите на безбедно“, се вели во настанот.
Право на учество на едночасовниот тимски предизвик имаат сите млади од 16 до 22 години. пријавивањето трае до 16 август, на следниот ЛИНК.
Настанот го организира здружението Младите можат , преку проектот Младински лидерски иницијативи со поддршка од Цивика Мобилитас.