Институт Либерална алтернативa Тетово и Фридрих Науман Фондацијата за слобода Југоисточна Европа организираат дводневен семинар на тема „Активизам во време на криза”, од 24 до 26 Август во Струга.
Целта на семинарот е на едно место да собере младински активисти ( 18 до 25 години), членови или волонтери во организации како и индивидуалци, идни активисти и експерти кои заедно ќе дискутираат на теми како : демократија, владеење на правото, права и обврски и конкретно активизмот како алатка за време на политичка криза. Од учесниците на семинарот се очекува понатаму да го шират и имплементираат знаењето и искуството кое ќе го стекнат заедно со другите млади на семинарот.
Исклучително важно за присутството на семинарот е добро познавање на англиски јазик. Храната и сместувањето се покриени од организаторот, а се патува со организиран превоз од Скопје до Струга со попатно застанување во помалите градови.
Сите заинтересирани треба да испратат свое CV и кратко мотивационо писмо за темата на самиот семинар на е-пошта orhan.ceka@lai.mк .
Крајниот рок за аплицирање е 19 август, 2016 година.