Британските министри ги усвоија плановите за изградба на најголемата фарма за генерирање на електрична енергија од ветерници на светот, која треба да се подигне на брегот на Јоркшир.
Гигантската фарма Хорнси ќе се состои од 300 турбини и ќе генерира електрицитет кој ќе напојува околу 1,8 милиони домови.
Пријатели на Земјата, Зелената и Лабуристичката партија го поддржаа потегот, но апелираат до Владата да продолжи да изнаоѓа еколошки алтернативи.
„Индустријата на Велика Британија порасна со неверојатна стапка во изминатите неколку години, и е фундаментален дел од нашите планови да изградиме еколошки, евтин и безбеден енергетски систем“, вели Грег Кларк, секретар за бизнис и енергија.
Министрите тврдат и дека фармата, која ќе ја конструира данската компанија Донг Енерџи, ќе создаде околу 1960 работни места за градежници и 580 работни места за управување и одржување.