Уште трае „одбраната на паркот“ во Тафталиџе, информираат жителите. Тие и ова утро го опколија паркот во нивната населба не дозволувајќи да почнат градежни активности на единствената зелена површина во близина.
Веднаш откако ја забележале механизацијата и работниците реагирале и се организирале.
„Во моментов е игра на нерви. Уште се тука. На педесетина метри од нас. Чекаат наредба. Два багери, дваесетина работници кои чекаат на готовс. Ние ги претекнавме“, ни изјави еден од жителите кои излегле да го бранат рушењето на паркот.
Ова е четврти пат како граѓаните се организираат да спречат рушење на паркот на улица „Букурешка“. Последниот обид беше пред една недела, кога градежните работници и механизацијата се откажаа по реакциите на жителите.