После неколку успешни ТВ серијали снимени во Чешко, Романија, Полска и Унгарија, телевизискиот синџир НВО Европа отвора натпревар за најдобро оригинално сценарио за нова серија, која би се снимала на просторите на бивша Југославија, на еден од локалните јазици.
Главната идеја зад First Draft натпревароте развој на серии наменети пред се за домашниот пазар, кои се темелат на оригинални локални идеи.
Натпреварот е отворен за сите сценарија кои се напишани и доставени според правилата наведени во повикот, најдоцна до први март. Познавањето на актуелните трндови од светот на најдобрите ТВ серии е предност.
Пријавата треба да содржи комплетно сценарио за првата епизода на неделна серија, со времетраење од 30 или 60 минути. Една сезона на проектот треба да содржи минимално четири, а максимално 13 епизоди.