[Галерија] Музеј на архитектонски макети во Токио

Музејот Archi-Depot беше отворен во областа Шигинава во Токио на почетокот на летово. Станува збор за музеј-складиште, посветен на јапонските архитектонски модели и макети.

Огромниот музеј се состои од стотици редови драматично осветлени минијатурни дизајни, од кои многу се веќе изгради во некои од најпознатите градби во Токио, како Токио Скајтри, Интернационалниот аеродром во Токио и Асакуса центарот за култура и туризам.

Секој од моделите содржи и код кој доколку се скенира, дава повеќе информации за архитектонските дела. Меѓу дигиталните податоци има нацрти, фотографии од финализираните згради и скулптури и примери на други проекти на главниот архитект.