Утре во 20 часот, во Кинотека на Македонија, премиерно ќе се прикаже краткиот игран филм „Исклучиво жолти лалиња“. Режисер на комедијата е Кузман Кузмановски, а работена е според сценарио на Ева Камчевска.
Во филмот се раскажува за Гиго, 35 годишен писател кој живее сам како срамежлива личност. Откако е поканет на кафе од својата женска пријателка, добива надеж дека повеќе нема да биде сам. Слушнал дека оваа жена сака жолти лалиња и во обид за подобар прв впечаток одлучува да дојде до нив по секоја цена.
Актерската екипа ја сочинуваат Тони Михајловски, Горан Трифуновски, Александра Павлова, Снежана Киселички и Кети Илиевска.
Филмот е во продукција на Аурипигмент од Скопје, со финансиска поддршка на Агенција за филм на Република Македонија.