Додека патувал низ Нов Зеланд, Мет Линдли, лондонски маркетинг агент, научил за моа птицата, која била ендемски вид на островот се додека не исчезнала во 1300-та година.
Оттаму ја добил идејата за серијалот Unknown Tourism, постери во чест на изумрените диви животински видови во „винтиџ“ стил, инспирирани од рекламите за авионските компании од 30-тите.
Проектот, спроведен од веб страницата за патувања Expedia UK, а илустриран од Џон Бармби, вклучува разни животни, како додо птицата, моа птицата и џиновскиот змијогуштер од Јамајка.