Основното училиште Роберт В. Колман во Балтимор, Мериленд, одлучило да ја укине казната како начин за предисциплинирање на ученици, а наместо тоа вовело медитација.
За таа намена, во училиштето има соба за медитирање наречена „Mindful moment“ – „светло обоена оаза на смиреност“, која изгледа сосема спротивно од типичните соби за казнување во американските училишта, кои се еднобојни и немаат прозорци.
Медитирањето е дел од послеучилишна програма наречена Hollistic Me, иницијатива која ги учи децата да практикуваат мирна медитација и вежби за дишење, истовремено охрабрувајќи ги и да разговараат со психотерапевти и училишни психолози за сите свои проблеми.
Програмата работи во партнерство со локална непрофитна организација, Hollistic Life Foundation, а резултатите досега се импресивни, велат од училиштето. Всушност, откако почнале да ја практикуваат програмата, немаат суспендирано ниту еден ученик.