Право на абортус во Македонија – ограничени права на жените, или заштита на нивното здравје?

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Неквалитетно здравство, скапи или непостоечки контрацептивни средства и сеопфатно сексуално образование, пристрасно советување од гинеколозите и диксриминаторски и скапи владини реклами против абортусот, се дел од аргументите за тоа зошто жените во Македонија заслужуваат поголеми права и слободи при прекинување на бременоста. Наспроти тоа, религијата, ниската стапка на наталитет и „чедоморството“ се аргументите на оние кои сметаат дека Законот за прекинување на бременоста во Македонија е уставен и придонесува за здравјето и правата на жените.

    По повод Глобалниот ден за акција за пристап до легален абортус, ХЕРА, Младинскиот образовен форум, Tiit. Inc. и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, организираше јавна дебата, насловена „Овој Дом верува дека политиките за абортус (не) се во прилог на македонското општество”. Дебатата е прво организирано аргументирање за тема која е од особена важност за женските и репродуктивните права, особено бидејќи во последните неколку години се бележат тенденции за законско редефинирање и ограничување на овие права, во отсуство на јавна и аргументирана дебата, велат организаторите.

    Според Адела Поп Стефанија, поранешна директорка на Гинеколошко-акушерската клиника, гинеколог и говорник на дебатата, со ниедна одредба во законот не е попречено правото на жената самата да одлучува, а улогата на државата е само да ја советува за ризикот од абортусот.

    „Жените во Македонија дефинитивно сами донесуваат одлуки, кои се поврзани со нивните сексуални и репродуктивни права. На нас лекарите тоа само ни помага да одлучиме како и кога треба да се изврши абортусот. Јас сум тука да го предочам ризикот, а одлуката секогаш останува на самите пациентки“. Таа смета и дека владините кампањи против абортус и за промовирање на трето дете и семејни вредности, на никаков начин не влијаат на одлучувањето на жената и не го стигматизира абортусот.

    Сосема спротивно на тоа е мислењето на пратеничката и докторка Јагода Шахпаска, според која рекламната кампања е пристрасна и не ги зема предвид сите фактори кои ја опкружуваат жената пред да донесе одлука за раѓање. Згора на тоа, нагласува, кампањата го олеснила државниот буџет три милиони евра, што не е од јавен интерес. Место тоа, смета дека тие пари треба да бидат потрошени на бесплатни контрацептивни средства и превентивни програми за мајки и деца. Таа потенцира и дека советувањето пред извршување на абортус е далеку од непристрасно, бидејќи на мајката свесно и намерно ѝ се пушта звукот од срцебиењето на плодот, за да стане емоционално приврзана.

    „Власта од позиција на моќ го наметна изборот на раѓање. Секој што се спротивстави на ваквиот начин на одлука беше стигматизиран, особено жените кои сепак одлучиле да извршат абортус“,  вели Шахпаска. Нејзин став како доктор и дел од законодавното тело, е дека правото на живот за една индивидуа почнува од моментот на раѓањето.

    Основен аргумент на Каролина Ристова Астеруд, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, е дека начинот на кој законот го уредува прекинувањето на бременост во Македонија, е противуставен.

    „Во Уставот јасно стои дека жените имаат право и слобода да одлучуваат за раѓањето на своите поколенија, односно дали сакаат да имаат деца. Нашиот законодавец во Уставот тоа не го успорува, а во законот има серија на одредби со коишто се оспорува тоа право на начин којшто значи одземање или ограничување“.

    „Прво ви велат дека слободно одлучувате, а потоа следи серија одредби коишто претпоставуваат постапка на одобрување. Прво поднесувате барање, а не изјава за согласност како за сите други медицински зафати. Потоа имате три дена во коишто е пристрасно советувањето, не се информираат жените за добрите и лошите страни на абортусот, туку само за последиците и придонесите на евентуалното раѓање на детето. Има суспензивно дејство во однос на самото право на жената“, вели Ристова Астеруд.

    Новинарот Цветин Чилиманов, кој пред да почне со своето излагање изјави дека не знае зошто е дел од дебатата и неговата „хромозомска определба прави тоа прашање да не го тангира толку“, смета дека општествениот интерес треба да се стави над интересот на индивидуата која е засегната од прашањето за абортус. Поточно, вели Чилиманов, треба да се зборува за индивидуи – множина, бидејќи неговиот став е дека не се работи за протоплазма без  чувства, туку за бебе кое ќе биде убиено.

    „Не е само мајката и жената засегната, туку постои уште една индивидуа, која треба да одлучиме во кој период како ќе ја нарекуваме – дали се работи за купче клетки и протоплазма, или се работи за бебе“.

    Тој „не би дискутирал за општествените придобивки или негативности на абортусот“, но смета дека се коси со правото на живот, кој е исто така уставно загарантирано.

    Ана Мишковска Кајевска, истражувач и активист, вели дека според државните политики и кампањи против абортус, жените кои одлучиле да абортираат кај нас се чедоморки, а никаде не се спомнува недостатокот од сексуално образование, скапите и недостапни презервативи и социјалните фактори кои ги опкружуваат жените кои одлучиле да абортираат.

    „Не постои сеопфатно сексуално образование во училиштата. Учебниците се полни со застарени, стереотипни и неточни информации на оваа тема. Нема контрацептивни средства на позитивната листа, нема јавни кампањи за подигање на свеста за употребата на современа контрацепција, а во болниците умираат родилки и бебиња. Расте и стапката на мртвородени деца. Владата велеше дека ги штити правата на жената и во областа на прекинување на бременоста. Цело време го потенцираше правото на избор, но ако се погледне поблиску дискурсот на владините кампањи и изјавите на владините претставници, како и законот за прекинување на бременост и задолжително советување, тогаш станува јасно дека правото на избор и информираност на жената се сериозно загрозени. Не се води сметка за нејзината конкретна финансиска, станбена, деловна, семејна и општоземено лична состојба и желби. Во кампањите жените кои ќе одлучат да прекинат бременост се претставени како себични индивидуалистки или чедоморки“.

    Таа во своето обраќање стави акцент и од потребата од достапна и финансиски попристапна лекарска нега и хигиена во медицинските установи, достапни лекови и додатоци во исхраната.

    Докторката Поп Стефанија, вели дека „употребата на државните пари е како шведска маса и секој може да гледа на нив како што сака“. Додава и дека сѐ е бесплатно за бремените жени, од брисеви до породување, и додава дека „државата дава многу за оние кои се спремни да бидат мајки“.

    На тоа, Мишковска Кајевска и реплицираше дека ако сме сите автономски на одлуките, владата не треба да придонесува за дискриминација преку тие рекламни кампањи.

    Сексуалните и репродуктивни права, вклучително и правото на абортус, се загарантирано со Уставот на РМ, а исто така и со меѓународните договори кои нашата држава ги има ратификувано. Секој обид да се ограничи или да се оспори тоа право сериозно ги нарушува слободите на девојките и жените во Македонија, а со тоа ги деградира и разнишува сите обиди за воспоставување на родова еднаквост во нашето општество, вели Кристина Плешиќ Беќарова од ХЕРА.

    По донесувањето на Законот во 2013 година, што се случи во скратена постапка и без јавна дебата, без консултација со стручната јавност, граѓанското општество и активистките, пристапот до абортус на жените и девојките во Македонија беше отежнат и ограничен.

    Таа додава и дека од 2013 година како организација имавме случаи на жени коишто се нашле во ситуација здравјето да им биде загрозено поради новите мерки. Според податоци на ДЗС, вели Шахпаска, оттогаш паднал наталитетот, а пораснал бројот на доенечка смртност.

    С.Т.

  • E drejta e abortit në Maqedoni – të drejta të grave të kufizuara ose mbrojtje e shëndetit të tyre?

    Shëndetësia jo cilësore, mjetet kontraceptive të shtrenjta ose që nuk ekzistojnë dhe arsimi seksual gjithëpërfshirës, këshillimi i një anshëm i gjinekologëve dhe reklamat qeveritare diskriminuese dhe të shtrenjta kundër abortit, janë pjesë e argumenteve në lidhje me atë pse gratë në Maqedoni meritojnë të drejta dhe liri më të mëdha gjatë ndërprerjes së shtatzënisë.  Përkundër kësaj, feja, shkalla e ulët e natalitetit dhe “vrasja e fëmijëve” janë argumentet e atyre që konsiderojnë se Ligji për ndërprerjen e shtatzënisë në Maqedoni është kushtetues dhe kontribuon në shëndetin dhe të drejtat e grave.

    Me rastin e Ditës Globale për veprim për mundësinë e abortit ligjor, HERA, Forumit Arsimor i të Rinjve, Tiit. Inc. dhe Koalicioni “Të drejtat seksuale dhe shëndetësore të komuniteteve të margjinalizuara”, organizoi një debat publik me titull “Kjo Shtëpi beson se politikat për abort (nuk) janë në favor të shoqërisë maqedonase.” Debati është argumentim i parë i organizuar për temën e cila është me rëndësi të veçantë për të drejtat e grave dhe të drejtën e tyre për riprodhim dhe në veçanti sepse gjatë disa viteve të fundit vërehen tendenca për ri përkufizim ligjor dhe kufizimin e të këtyre të drejtave, në mungesë të debatit publik dhe të argumentuar, thonë organizatorët.

    Sipas Adela Pop Stefanija, drejtorja e mëparshme e Klinikës Gjinekologjike Akusherike, gjinekologe dhe diskutuese gjatë debatit, me asnjë dispozitë në ligj nuk është penguar e drejta e gruas të vendosë vetë, ndërsa roli i shtetit është vetëm ta këshillojë për rrezikun nga aborti.

    “Gratë në Maqedoni përfundimisht vetë i marrin vendimet, të cilat kanë të bëjnë me të drejtat e tyre seksuale dhe riprodhuese. Ne mjekëve kjo vetëm  na ndihmon të vendosim si dhe kur do duhet të kryhet aborti. Unë jam këtu ta parandaloj rrezikun, ndërsa vendimi gjithmonë mbetet i vet pacientëve”. Ajo konsideron se fushatat  qeveritare kundër abortit janë për promovimin e fëmijës së tretë dhe vlerave familjare, nuk ndikojnë në asnjë mënyrë në vendimmarrjen e gruas dhe nuk e stigmatizon abortin.

    Krejtësisht i  kundërt me këtë, është mendimi i deputetes dhe mjekes Jagoda Shahpaska, sipas së cilës fushata reklamuese është e njëanshme dhe nuk merr parasysh të gjithë faktorët që e rrethojnë gruan përpara se të merret vendimi për të lindur. Për më tepër, thekson, fushata e ka lehtësuar buxhetin e shtetit për tre milion euro, që nuk është në interes të publikut. Në vend të kësaj, beson se paratë duhet të shpenzohen për mjete kontraceptive falas dhe programe parandaluese për nënat dhe fëmijët. Ajo thekson se këshillimi para kryerjes së abortit është larg nga paanshmëria, sepse nënës qëllimisht dhe me vetëdije i lëshohet zëri i rrahjes së zëmrës të frytit, që të lidhen emocionalisht.

    “Pushteti nga pozita e fuqisë e imponoi zgjidhjen e lindjes. Secili që ju kundërvu mënyrës së tillë të vendimit ishte i stigmatizuar, veçanërisht gratë të cilat prapë se prapë vendosën të kryejnë abort”, thotë Shahpaska. Qëndrimi i saj si mjeke dhe pjesë e trupit ligjvënës, është se e drejta për jetë për një person fillon që nga momenti i lindjes.

    Argumenti kryesor i Karolina Ristova- Asterud, profesoreshë në Fakultetin e Drejtësisë “Justiniani i Parë”, është  mënyra se si ligji e rregullon ndërprerjen e shtatzënisë në Maqedoni, është jo kushtetues.

    “Në Kushtetutë, qartë është shënuar se gratë kanë të drejtë dhe liri të vendosin për lindjen e pasardhësve të tyre, respektivisht nëse dëshirojnë të kenë fëmijë. Ligjvënësi jonë në Kushtetutë këtë nuk e konteston, ndërsa në Ligj ka një sërë dispozita me të cilat kontestohet kjo e drejtë në mënyrë që do të thotë heqjen ose kufizimin e kësaj të drejte.”

    “ Fillimisht ju thonë se vendosni lirisht, dhe më pas vijon një sërë dispozita të cilat paraqesin procedurën për të marrë leje.  Në fillim paraqisni kërkesë dhe jo deklaratë për pajtim për të gjitha intervenimet të tjera mjekësore.  Pastaj keni tre ditë gjatë të cilave keni këshillim të njëanshëm, gratë nuk informohen për anët e mira dhe të këqija të abortit, por vetëm për pasojat dhe kontributin për lindjen eventuale të fëmijës.  Ka veprim suspenziv në raport me vetë të drejtën e gruas”, thotë Ristova Asterud.

    Gazetari Cvetin Çilimanov, i cili para se të fillojë me fjalimi e tij, deklaroi se nuk e di pse një pjesë e debatit dhe “përcaktimi i kromozomeve të tij bën që kjo çështje të mos e tangojë shumë”, konsideron se interesi publik duhet të vihet mbi interesat e individit i cili është i prekur nga çështja e abortit.  Më saktë, thotë Çilimanov, duhet të flitet për individë – shumicë, sepse qëndrimi i tij është se nuk bëhet fjalë për protoplazmë pa ndjenja, por për bebe e cila do të vritet.

    “Nuk janë të prekura vetëm nëna dhe gruaja, por ekziston edhe një individ, për të cilin duhet të vendosim në cilën periudhë se si do ta quajmë – nëse bëhet fjalë për një grumbull qeliza dhe protoplazmë ose bëhet fjalë për bebe”.

    Ai “nuk do të kishte diskutuar për përfitimet shoqërore ose anët negative të abortit”, por konsideron se bie ndesh me të drejtën për jetë, e cila gjithashtu është e garantuar me kushtetutë.

    Ana Mishkovska Kajevska, hulumtuese dhe aktiviste, thotë se sipas politikave shtetërore dhe fushatave kundër abortit, gratë të cilat kanë vendosur të abortojnë tek ne janë vrasëse foshnjash, ndërsa askund nuk përmendet mungesa e edukimit seksual, prezervativët e shtrenjtë dhe të pa arritshëm dhe faktorët social të cilët i rrethojnë gratë të cilat kanë vendosur të abortojnë.

    “Nuk ekziston edukim seksual gjithëpërfshirës në shkolla.  Librat shkollorë janë përplot me informata të vjetërsuara, me stereotipe dhe me informata të pa sakta në lidhje me këtë temë.  Nuk ka mjete kontraceptive në listën pozitive, nuk ka fushatë publike për rritjen e vetëdijes për përdorimin e kontracepcionit modern, ndërsa nëpër spitale vdesin lehona dhe foshnja.  Ritet edhe shkalla e foshnjave që lindin të vdekura.  Qeveria thoshte se i mbron të drejtat e grave edhe në fushën e ndërprerjes së shtatzënisë.  Gjithë kohës e theksonte të drejtën e zgjedhjes, por nëse shihet nga më afër diskursi i fushatave qeveritare dhe deklaratave të përfaqësuesve qeveritar, si dhe ligji për ndërprerjen e shtatzënisë dhe detyrimisht këshillimin, atëherë bëhet e qartë se e drejta e zgjidhjes dhe informimi i gruas janë seriozisht të cenuara.  Nuk mbahet llogari për gjendjen e saj konkrete financiare, banesore, afariste, familjare dhe marrë në përgjithësi gjendjen e saj personale dhe dëshirat e saj. Në fushatat gratë që do të vendosin të ndërpresin shtatzëninë janë shfaqur si individualiste vetjake ose vrasëse të foshnjave të tyre”.

    Ajo gjatë fjalimit të saj, vendosi theksin edhe mbi nevojën për kujdes mjekësor të qasshëm dhe financiarisht më të akcesueshme dhe higjienë në institucionet mjekësore, barna të qasshëm dhe shtesa për ushqim.

    Mjekja Por Stefanija, thotë se ”përdorimi i parave shtetërore është si tryezë suedeze dhe secili ato mund ti shohë siç të dojë”. Shton edhe se, gjithçka është pa pagesë për gratë shtatzëna, nga kontrollet deri te lindja, dhe shton se “shteti jep shumë për ato që janë të gatshme të bëhen nëna”.

    Në lidhje me këtë, Milloshovska Kajevska i bëri replikë dhe tha se, nëse të gjithë kemi autonomi në vendimet tona, qeveria nuk duhet të kontribuojë për diskriminimin nëpërmjet atyre fushatave reklamuese.

    Të drejtat seksuale dhe reproduktive, përfshirë edhe të drejtën për abort, janë të garantuara me Kushtetutën e RM-së, dhe gjithashtu edhe me marrëveshje ndërkombëtare të cilat i ka ratifikuar shteti jonë.  Çdo përpjekje të kufizohet ose të kontestohet kjo e drejtë, seriozisht i cenon liritë e vajzave dhe grave në Maqedoni, ndërsa me këtë i degradon dhe lëkund të gjitha përpjekjet për vendosjen e barazisë gjinore  në shoqërinë tonë, thotë Kristina Pleshiq Beqarova nga HERA.

    Pas miratimit të Ligjit në vitin 2013, që ndodhi me procedurë të shkurtuar dhe pa debat publik, pa konsultimin e ekspertëve, shoqërisë civile dhe aktivisteve, qasja drejt abortit për gratë dhe femrat në Maqedoni ishte vështirësuar dhe kufizuar.

    Ajo shton se që nga viti 2013, si organizatë kishim raste të grave të cilat kanë qenë në situatë gjatë çka shëndeti i tyre është rrezikuar për shkak të masave të reja. Sipas të dhënave të ESHS-së, thotë Shahpanska, që atëherë nataliteti ka shënuar rënie, ndërsa është rritur numri i  mortalitetit të foshnjave të porsalindura.

    S.T.