Во четврток, во ГЕМ Клуб, со почеток во 18 часот ќе се одржи предавање на проф. д-р Борут Клабјан, насловено како „Југославија на работ: претставите за Југославија во спомениците на италијанско-југословенската граница по втората светска војна“.
Истражувањата на Борут Клабјан се во доменот на политичката, дипломатската и културната историја на Европа во 19 и 20 век, со посебен фокус кон северно-јадранската зона.
Во ова предавање тој ќе се осврне на културата на сеќавање за социјалистичка Југославија во пограничната зона на Италија и Словенија, кои се дел од неговото најново интердисциплинарно истражување за историската меморија и новите форми на идентификување во современа Европа.