Кристијан Галано, напаѓачот на италијанскиот второлигаш Виченца, ќе остане запишан во историјата на фудбалот како прв играч кој од судијата добил зелен картон за фер-плеј.
На натпреварот против Ентела, тој го корегираше судијата дека досудениот корнер за неговиот тим, всушност е гол-аут за противникот.
Претседателот на Виченца, Андреа Абоди, го нарече гестот „симболичен момент од огромно значење за италијанскиот фудбал“ и „пример кој мора да се следи“.
Зелениот картон за посебни примери на фер-плеј формално, за прв пат, беше воведен во втората италијанска лига во јануари, но досега не беше покажан ниту еднаш.