Фото приказната „Социјална зграда“ на Викторија Тасева е победник на наградниот конкурс #ОдличенПроект. Според бројот на гласови, на второ место е проектот „Стара битолска барутана“ на Иле Петровски, а третото место му припадна на проектот „Градина на заедницата“ на натпреварувачот со псевдоним Forum 16.
Најдобрата фото-приказна како награда ќе добие мобилен телефон Huawei P8 Lite, за второто место е предвиден HDD External 2.5″ 1TB USB 3.0 Western Digital MyPassport, додека третопласираното дело ќе биде наградено со Power Bank Platinet Portable for Smartphone and Tablet 13000mAh.
Со конкурсот, Радио МОФ ја затвора кампањата #ОдличенПроект, во чиј фокус изминатово лето беа теми за уметност, активизам, будење на граѓанската свест и слобода на изразување.
Повикот е отворен и спроведен од Радио МОФ, а поддржан од National Endowment for Democracy.
На конкурсот на Радио МОФ најдобрата фото приказна заедно ја бираа читателите и комисијата од Радио МОФ. Пристигнаа седум проекти, испратени под псевдоним или со име и презиме.