Здружението на граѓани „Конструктор“ организира вежбање во природа. Оваа акција се реализира во рамките на проектот „Во здраво тело, здрав дух”, поддржан од страна на Град Скопје.
„За да се зголеми свеста кај луѓето за подобро здравје и живот, Здружението на граѓани „Конструктор“ започна активно да работи кон изнаоѓање на соодветен начин за решавање на проблемите предизвикани од физичка неактивност и немањето интерес за рекреација во природа“, се вели во најавата за настанот.
На вежбањето може да се приклучи секој, а ќе се одржи во недела кај Школка, со почеток во 12 часот.