Постерот за „МакеДокс“ ги освои гласовите на публиката на Меѓународниот фестивал во Чешка

Постерот за седмото издание на Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „Македокс“, чиј автор е Самир Карахасан, ја освои наградата од публиката на натпревар за најдобар фестивалски постер што се организира во Чешка.

Наградата од жирито, составено од претставници на филмски фестивали, ја доби постерот на Интернационалниот фестивал за документарни филмови во Тајван.

Во конкуренција беа вкупно 27 постери, кои според правилата на натпреварот, треба да се направени помеѓу 2015-2016 година.

Натпреварот беше во склоп на 20-то издание на фестивалот за документарни филмови Jihlava.