Радио МОФ денеска премиерно ја претстави новата емисија „Мегафон“, чие прво издание го посветивме на студентите и ги слушнавме нивните проблеми, предизвиците, како и актуелностите во високото образование.
Зборувавме за новите универзитети „Мајка Тереза“ и „Дамјан Груев“, за спорните избори за младински претставник во РИКО. Исто така, се осврнавме на студентскиот стандард и животот во студентските домови, „барокните“ факултети на УКИМ, а воедно развивме дебата за сите овие проблеми со Владимир Мартиновски, член на Професорскиот пленум и Независниот академски синдикат и Деа Здравковска од Студентскиот пленум.
Во продолжение, може да ја преслушате првата епизода:
„Мегафон“ е нова, авторска информативна радио-емисија, создадена од редакцијата на Радио МОФ, која ќе се емитува секој прв вторник во месецот.