Македонските новинари – напаѓани како „дежурни предавници“, без соодветна институционална заштита

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Шест новинари биле физички нападнати во Македонија само од почетокот на 2015 година до денес. Закани, тужби за клевета, етикетирање и говор на омраза се само дел од предизвиците со кои новинарите кај нас се соочуваат секојдневно, а професијата се демонизира на тој начин што новинарите често се едначат со „предавници“ и „заштитници на сили кои ја поткопуваат државата“, вели новинарот Павле Беловски од Телма, кој неодамна беше физички нападнат додека известува од терен.

    На 2 ноември се одбележува Светскиот ден против нападите врз новинари. Во Македонија, слични случаи на оној на Беловски, според Здружението на новинари на Македонија, досега има регистрирано вкупно 35. Ниеден од нив не е расветлен, ниту пак некој од насилниците е казнет.

    „Не се работеше за личен напад против мене како личност, туку се работеше за напад против репортер кој си ја извршува работната задача, но доаѓа од медиум кој недвосмислено и секогаш на страна на фактите ги пренесува информациите онакви какви што се“, раскажува Беловски за нападот на 20 октомври, додека известуваше за Телма од Министерството за внатрешни работи. За својот напаѓач заклучил дека лицето многу добро било запознаено со сите политички состојби и актуелните настани во последниот период, и добро знаело што се случува на местото кадешто тој известувал – односно СЈО и постапувањето по судските налози во Министерството за внатрешни работи.

    „Ми пристапи со навредливи зборови, ме квалификуваше како предавник, заштитник на стурктури кои го рушат ентитетот на државата. Меѓутоа, лицето беше изигнорирано од наша страна, постапивме најпрофесионално и не му обрнавме внимание, бидејќи не е прв пат да се најдеме со колегата снимател во таква ситуација“, раскажува Беловски.

    Насилникот бил еднаш опоменат од полицијата и се оддалечил од местото, за потоа да се врати токму пред вклучувањето во живо во последниот дневник во 21:30. Почнал да го удира новинарот со тупаници, два пати во главата. Тој не возвратил и се обидел да се одбрани, бидејќи увидел дека веќе интервенираат полицајци.

    Беловски веднаш после јавувањето во живо го пријавил случајот во полиција. За среќа, немал потешки телесни повреди, само џумки на главата.

    Сега, по службена должност сторителот го гони Телма за кривично дело насилство, а го гони и државата бидејќи извршил физички напад под дејство на алкохол.

    „Новинарите во сите недемократски режими имаат ист третман – кон нив се однесуваат како кон непријатели, нивната работа се потценува, игнорира или сатанизира. За жал, таа тенденција и тој однос кон професијата е присутен и во Македонија“, вели Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Таа потенцира дека освен физичките напади, кои поради својата неказнивост стануваат сѐ поотворени и подрски, а последниот случај со новинарот Павле Беловски од Телма говори сам за себе.

    „Тој беше нападнат токму затоа што е новинар од конкретен медиум. Загрижува незапрениот тренд на сѐ позасилено вербално насилство на кое сме изложени. Всушност, тие две работи и не треба да се гледаат одвоено – вербалното насилство отвора пат за физичко, а неказнивоста и за едното и за другото доведува до состојба во која новинарите се таргетирани постојано. Тие одамна се изложени на економски и социјални притисоци во редакциите, автоцензурата стана модел на постоење, а не се сигурни ниту при вршењето на својата задача“, истакнува Чаусидис.

    Беловски забележува дека новинарите немаат тип на поддршка како сервис и неопходна е институционална заштита.

    „Не можеме да се шетаме со обезбедување, па макар и работодавецот да е волен за тоа. Единствената заштита која ние можеме да ја добиеме, на која интервенираше и Меѓународната федерација на новинари, за која интервенира и ОБСЕ и сите здруженија на новинари од регионот и светот, е да се зајакне институционалната поддршка на нашата професија, не лично нас“, истакнува Беловски.

    Тој смета дека престапниците кон новинарската професија треба да бидат поригорозно казнувани.

    „Да не се лажеме, законски регулативи постојат. Ние имаме обемен и тврд кривичен законик. Имаме постоечка законска регулатива, треба само да се спроведува. Ако полицијата и обвинителството го гонеа кривично напаѓачот, минимум за насилство, казната ќе беше меѓу три месеци до пет години. Тоа лице ќе беше во затвор, и тоа ќе оставеше впечаток во општеството дека оној кој врши насилство одговара“, смета Беловски.

    Меѓутоа, кога на насилниците им се прогледува низ прсти, ситуацијата е сосема поразична, вели тој. На неговиот напаѓач ова му бил трет насилен напад и три пати против него била повлечена прекршочна постапка. Ако тоа лице било санкционирано навремено, вели, немало никогаш да нападне ниту новинар, ниту било кое друго лице.

    „Работиме професија во која пренесуваме информации кои не одат во корист секому, и мораме да бидеме заштитени институционално. Демонизирањето на новинарската професија постои бидејќи ние имаме политички систем во последниве 10 години во кој има две завојувани страни, и нивното оружје за тие меѓусебно да се нападнат, се единствено медиумите. Ние, како курири во таа војна меѓу двата најголеми политички субјекти, сме оние кои ја пренесуваат пораката на двете завојувани страни. Знаеме дека и во историјата, најчесто во историјата секогаш страдаат куририте“, нагласува Беловски.

    Согласна е и Чаусидис: „Сѐ додека нападите на навинарските екипи не бидат санкционирани и извршителите казнети, насилството кон нив дополнително ќе се засилува, а Македонија ќе остане во друштвото на земји со ниско ниво на демократија и слобода на изразување. На крајот на денот губиме сите“.

    Уште еден случај на физичко насилство врз новинар е и нападот кој го претпрпел Бојан Шашевски, новинар на Радио МОФ, кој бил натепан од полицијата додека работел како репортер на порталот mkd.mk.

    „Бев физички нападнат од полиција додека медиумски го покривав ланскиот протест на 5 мај. Тоа беше кога револтирани граѓани по слушнатата „бомба“ за Мартин Нешкоски се собраа пред Влада. Се потврдија сомнежите дека високи функционери од власта го заташкувале убиството на 21-годишното момче, па протестот беше прилично напнат“, раскажува Шашевски.

    На протестите против полициска бруталност, иронично, дошло до полициска бруталност. „Демонстранти, ученици, студенти, пензионери, мајки со деца, минувачи. Сите на купче за „млатење“. Апсолутна злоупотреба на полициска моќ. Газење врз повеќе конвенции за човекови права. Беше страшна слика! Ја извадив картичката „ПРЕС“, ја кренав во вис, а потоа и пред лице на полицец. Наивно, очекував професионален разум, но наместо тоа добив силни пендреци во грб и во глава. Добив удари и со цокула во цеваница. Вечерта ја завршив во болница. Не бев единствениот нападнат новинар“, продолжува тој.

    Шашевски потенцира дека пропагандната машинерија на власта го спинувала целиот протест и единствено еднострано известувала за повредените полицајци, а во ниту еден извештај на властите не стои дека биле нападнати граѓани и новинари.

    „Ние не постоиме во извештаите, непожелно е да постоиме! Од друга страна, се погрижив случајот медиумски да се прошири и допре до што повеќе граѓани, да отвори дебата. Периодот контактирав со Human rights watch, ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари… Сите понудија поддршка, совети или правна помош. Сепак, случајот не го терав по судски пат. За да влезам во ринг потребни се фер правила, без некој да ми ги држи рацете, очите и устата, а противникот да мава по мене“, истакнува Шашевски.

    Беловски потенцира дека кога се зборува за нападите врз новинарите, не смее да се заборави и третата страна – публиката, која бидејќи не може да пристапи до политичките моќници, ги напаѓа новинарите.

    „Граѓаните немаат пристап, ниту до опозицијата, ниту до власта. Како ќе стигне обичен граѓанин да го нападне Груевски или Заев? Наместо тоа, удира по новинарите“, смета Беловски.

    Додава и дека освен можноста за физички контакт како ризик за новинарите, постои и интернет сферата, на која се шири говор на омраза, каде се етикетираат поединци, се поттикнува насилство и говор на омраза, а доста често тоа се прелева и во реалноста.

    Во изминатата деценија, повеќе од 800 новинари биле убиени на должност и само осум проценти од овие случаи се решени. Ова се официјалните бројки на генералниот директор на УНЕСКО, организација со 195 земји-членки.

    Македонија во 2015 година беше на 118-тото место од вкупно 180 земји, според извештајот за слобода на печатот на Репортери без граници.

    „Клевета беше отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата се заменети со граѓански постапки, каде се можни големи парични и затворски казни за новинарите и за сопствениците на медиумите. Најмалку 580 тужби за клевета се поднесени од крајот на 2014 година досега, неколку десетици од нив против новинари. Како резултат на тоа, според анкетата на Македонскиот синдикат на новинари и медиумски работници повеќе од половина од новинарите во Македонија велат дека се цензурираат“, се вели во најновиот извештај.

    Според Репортери без граници, слободата на печатот во 2015 година се влошила во целиот свет. Индексот го рефлектира интензитетот на напади врз слободата на новинарите и нивната независност од властите, идеологиите и интересите корпорациите во изминатата година.

    Стефанија Тенекеџиева

  • GAZETARËT MAQEDONAS – TË SULMUAR SI “FAJTORË KUJDESTAR”, PA MBROJTJE PËRKATËSE INSTITUCIONALE

     

    Gjashtë gazetarë në Maqedoni, janë sulmuar fizikisht vetëm nga fillimi i vitit 2015 deri më sot. Kërcënime, padi për shpifje, etiketime dhe fjalë të urrejtjes, janë vetëm një pjesë e sfidave me të cilat gazetarët tek me përballen për ditë, ndërsa profesioni demonizohet në atë mënyrë që gazetarët shpesh barazohen me “tradhtarë” dhe “mbrojtës të forcave të cilat e dëmtojnë shtetin”, thotë gazetari Pavle Bellovski nga Tellma, i cili kohë më parë fizikisht u sulmua derisa raportonte nga tereni.

    Më 2 nëntor u shënua Dita botërore kundër sulmeve mbi gazetarët. Në Maqedoni, raste të ngjashme me atë të Beloskit, sipas Shoqatës së Gazetarëve të Maqedonisë, deri tani janë regjistruar gjithsej 35. Asnjë prej tyre nuk është zbardhur, dhe as që është dënuar ndonjë nga dhunuesit.

    “Nuk bëhej fjalë për sulm personal kundër mua si person, as nuk bëhej fjalë për sulm kundër raportuesit i cili e kryente detyrën e punës, por vjen për media që padyshim dhe çdo herë është në anën e fakteve i cili i transmeton informatat ashtu siç janë”, sqaron Bellovski për sulmin e 20 tetorit, derisa raportonte për Televizionin Tellma para Ministrisë së Punëve të Brendshme. Për sulmuesin e tij ka konkluduar se personi në fjalë shumë mirë ka qenë i informuar me të gjitha gjendjet politike dhe ngjarjet aktuale periudhën e fundit, dhe e ka ditur mirë çfarë po ndodh në vendin prej nga ai ka raportuar – respektivisht PSP dhe procedimi në bazë të urdhëresave gjyqësore në Ministrinë e Punëve të Brendshme.

    “Mu afrua me fjalë fyese, më kualifikoi si tradhtar, mbrojtës të strukturave të cilat po rrënojnë entitetin e vendit. Mirëpo, personi u injorua nga ana jonë, vepruam në mënyrën më profesionale të mundshme dhe nuk i kushtuam rëndësi, sepse nuk është hera e parë me kolegët kameramanë të gjendemi në situatë të këtillë”, tregon Bellovski.

    Dhunuesit një herë i është tërhequr vërejtja nga policia dhe është larguar nga vendi i ngjarjes, që pastaj të kthehet para transmetimit drejtpërdrejtë në ditarin e fundit të lajmeve në ora 21:30. Ka filluar ta godasë gazetarin me grushte, dy herë në kokë. Ai nuk ja ka kthyer dhe është përpjekur të mbrohet, sepse ka parë intervenimin e policisë.

    Bellovski menjëherë pas paraqitjes së drejtpërdrejtë në televizion e ka paraqitur rastin në polici. Për fat, nuk ka lëndime më të renda trupore, vetëm disa xhunga në kokë.

    Tani, me detyrë zyrtare, kryerësin e padit Tellma për vepër penale , dhunë, ndërsa është edhe nën padinë e shtetin sepse ka kryer sulm fizik nën ndikimin e alkoolit.

    “Gazetarët në të gjitha regjimet jo demokratike kanë trajtim të njëjtë – ndaj tyre sillen si ndaj ndonjë armiku, puna e tyre nënvlerësohet, injorohet ose satanizohet. Për fat të keq, kjo tendencë dhe ai raport ndaj profesionit është i pranishëm edhe në Maqedoni”, thotë Tamara Çausidis, kryetare e Sindikatës së Pavarur të Gazetarëve dhe punëtorëve në media. Ajo thekson se përpos sulmeve fizike, dhunuesit të cilat për shkak se nuk dënohen bëhen më të hapur dhe më të guximshëm, ndërsa rasti i fundit i gazetarit Pavle Belovski nga Telma flet shumë për vete.

    “Ai u sulmuar pikërisht se është gazetar i një media konkrete. Shqetëson tendenca e mos ndalimit të dhunës verbale, gjithnjë e më të fuqishme ndaj së cilës jemi të ekspozuar. Në fakt, këto dy çështje edhe nuk duhet të shihen si të veçanta – dhuna verbale i hap udhë dhunës fizike, ndërsa mos dënimi i asnjërës prej tyre rezulton me gjendjen në të cilën gazetarët targetohen vazhdimisht. Ata ka një kohë që janë të ekspozuar ndaj presioneve dhe reagimeve ekonomike dhe sociale, auto censura u bë model i ekzistimit, ndërkaq të sigurt nuk janë edhe gjatë kryerjes së detyrës së tyre”, thekson Çausidis.

    Bellovski thekson se gazetarët nuk kanë asnjë formë të mbështetjes si shërbim dhe se nevojitet mbrojtje institucionale.

     “Nuk mund të mbrohemi me sigurim, qoftë edhe sikur punëdhënësi të ketë vullnet të mirë ta bëjë këtë gjë. Mbrojtja e vetme të cilën mund ta fitojmë ne, për çka intervenoi edhe Federata Ndërkombëtare e Gazetarëve, për të cilën intervenoi edhe OSBE dhe të gjitha shoqatat e gazetarëve nga rajoni dhe bota, është të përforcohet mbështetja institucionale e profesionit tonë, jo e jona personalisht”, thotë Bellovski.

    Ai konsideron se ata që bëjnë shkelje ndaj profesionit gazetaresk duhet të dënohen në mënyrë më rigoroze.

    “Le të mos gënjejmë veten, ekzistojnë rregulla ligjore. Ne kemi Ligj penal të vëllimshëm dhe të rreptë. Kemi rregullativë ligjore ekzistuese, vetëm duhet të zbatohet. Nëse policia dhe prokuroria e ndiqnin penalisht sulmuesin, minimum për dhunë, dënimi do të ishte ndërmjet tre muaj deri në pesë vjet. Ai person do të ishte në burg, dhe kjo do të linte përshtypje në shoqëri se ai i cili kryen dhunë do të përgjigjet”, konsideron Bellovski.

    Mirëpo, kur sulmuese ju shihet nëpër gishta, situata është krejtësisht ndryshe, thotë ai. Për sulmuesin e tij ky ka qenë sulmi i tretë dhe tre herë kundër tij është tërhequr padia penale. Nëse ai person do të ishte sanksionuar me kohë, asnjëherë nuk do të kishte sulmuar as gazetar as cilin do person tjetër.

    “Punojmë profesion gjatë çka bartim informacione të cilat nuk janë në favor të secilit, dhe duhet të mbrohemi institucionalisht. Satanizimi i profesionit gazetaresk ekziston sepse ne gjatë këtyre 10 viteve kemi sistem politik në të cilin ka dy palë kundërshtare dhe arma e tyre që ata ndërmjet vete të sulmohen, janë vetëm mediat. Ne, si korrierë të kësaj lufte ndërmjet dy subjekteve më të mëdha politike, jemi ata të cilët e bartim mesazhin për të dy palët kundërshtare. E dimë edhe atë se në këtë histori, çdo herë pësojnë korrierët”, thekson Bellovski.

    Me këtë pajtohet edhe Çausidis: “Derisa nuk sanksionohen sulmet e ekipeve të gazetarëve dhe nuk ekzekutohen dënimet, dhuna ndaj tyre në mënyrë plotësuese do të përforcohet, ndërsa Maqedonia do të ngelë në shoqërinë e vendeve me nivel të ulët të demokracisë dhe lirisë së të shprehurit. Në fund të ditës humbës do të jemi të gjithë.”

    Edhe një rast i dhunë fizike mbi gazetar paraqet rasti kur është sulmuar edhe është rrahur Bojan Shashevski, gazetar në  Radio MOF, i cili është rrahur nga policia derisa ka qenë në detyrë të punës si raportues i portalit mkd.mk.

    “U sulmova fizikisht nga policia përderisa po e mbuloja protestën e vitit të kaluar  më 5 maj, si gazetar. Kjo ndodhi kur qytetarë të revoltuar pas “bombës” që e dëgjuan për Martin Neshkoski, u mblodhën para Qeverisë. U konfirmuan dyshimet se funksionarë të lartë e kanë kamufluar vrasjen e djaloshit 21 vjeç, dhe protesta ishte mjaft e tensionuar”, sqaron Shashevski.

    Në protestat kundër brutalitetit policor, si për ironi, policia u tregua brutale. “Demonstrues, nxënës, pensionistë, nëna me fëmijë, kalimtarë. Të gjithë grumbull për “zhdëpje” Keqpërdorim absolut i fuqisë policore. Shkelja e më shumë konventave për të drejtat e njeriut. Ishe një pamje e tmerrshme! E nxora kartelën “PRES”, e çova lartë, dhe pastaj edhe para fytyrës së policit. Në mënyrë naive prita profesionalizëm racional, por në vend të kësaj fitova shkopi gome të fuqishme mbi kurriz dhe në kokë. Mora lëndime edhe nga goditja me këpucët e mëdha në fyellin e këmbës. Natën e kalova spital. Nuk isha gazetari i vetëm i sulmuar”, vazhdon ai.

    Shashevski thekson se makineria për propagandë e pushtetit e kishte thurur të gjithë protestën dhe në mënyrë të një anshme ka raportuar për policë të lënduar, ndërsa në asnjë raport të qeverisë nuk thuhet se janë sulmuar edhe qytetarë dhe gazetarë.

    “Ne nuk ekzistojmë në raportet, jemi të padëshiruar dhe nuk ekzistojmë! Nga ana tjetër, u kujdesa rasti në mënyrë mediatike të përhapet dhe ta lexojnë sa më shumë qytetarë, të hapet debat. Gjatë asaj periudhe kontaktova me Human Rights watch, OSBE-në, Komitetin e Helsinkit për të Drejtat e Njeriut, SHGM-në, Sindikatën e Pavarur të Gazetarëve… Të gjithë ofruan mbështetje, këshilla ose ndihmë juridike. Megjithatë, rasti nuk e paraqita në organet gjyqësore. Që të hy në ring duhen fer rregulla, pa mi mbajtur askush duart, sytë dhe gojën, ndërsa kundërshtari të më godasë”, thekson Shashevski.

    Bellovski thekson se kur bëhet fjalë për sulmet mbi gazetarët, nuk guxon të harrohet edhe pala e tretë – publiku, i cili për shkak se nuk mund të ketë qasje drejt pushtetarëve politik, i sulmon gazetarët.

    “Qytetarët nuk kanë qasje, as tek opozita, as te pushteti. Si do të arrijë qytetar i rëndomtë të sulmojë Gruevskin ose Zaevin? Në vend të kësaj, godet gazetarët”, konsideron Belovski.

    Shton edhe atë se, përveç mundësisë për kontakt fizik si rrezik për gazetarët, ekziston edhe sfera inerne, me çka përhapet fjala e urrejtjes, me çka etiketohen individë, nxitet dhunë dhe fjala e urrejtjes, ndërsa shpesh kjo bartet edhe në jetën reale.

    Dekadën e kaluar, më shumë se 800 gazetarë janë vrarë në detyre pune dhe vetëm tetë për qind e këtyre rasteve janë zgjidhur. Këto janë shifra zyrtare të drejtorit të përgjithshëm të UNESKO-s, organizatë me 195 vende anëtare.

    Maqedonia në vitin 2015 ndodhej në vendin e 118-ë nga gjithsej 180 vende, sipas Raporti për Lirinë e Shtypit të Raportuesve pa Kufi.

    “Shpifja u hoq nga Kodi penal në vitin 2012, por paditë janë zëvendësuar me procedura civile, me çka, mundësohen dënime  të mëdha me pra dhe me burg për gazetarë dhe pronarë të mediave. Të paktën 580 padi për shpifje janë paraqitur deri në fund të vitit 2014 deri tani, disa dhjetëra prej tyre janë kundër gazetarëve. Për pasojë, sipas sondazhit të Sindikatës Maqedonase të Gazetarëve dhe Punëtorëve të Mediave, më tepër se gjysma e gazetarëve në Maqedoni, thonë se censurohen”, thuhet në raportin më të fundit.

    Sipas Raportues pa Kufi, liria e shtypit në vitin 2015, është përkeqësuar në të gjithë botën. Indeksi e reflekton intensitetin e sulmeve mbi lirinë e gazetarëve dhe pavarësinë e tyre nga pushteti, ideologjitë dhe interesat e korporatave gjatë vitit të kaluar.

    Stefanija Tenekexhieva