Актерката и Амбасадорка на добрата волја на ОН Ема Вотсон, вчера цел ден оставала феминистичка литература низ метро станиците во Лондон.
Како дел од иницијативата Books on the Underground, која од 2012 година има „книжевни самовили“ кои оставаат романи во лондонската метро мрежа за да ги охрабрат корисниците на јавен превоз да читаат, се собираат околу 150 книги неделно.
Ѕвездата на „Хари Потер“, која била „книжевна самовила“ за оваа недела, оставила околу 100 копии од нејзиниот избран роман, со персонализирани, рачно напишани пораки во нив.
Вотсон неодамна го започнала феминистичкиот книжевен клуб Our Shared Shelf, отворена група која одржува состаноци и дискусии преку платформата Goodreads.
Романот која го оставила бил месечниот избор на клубот: Mon & Me & Mom, седмиот и последен автобиографски роман на познатата поетеса Маја Анџелу.