Младинската организација Анти Корупција Интернационал – Македонија организира работилницата насловена „Кажи и НЕ на корупцијата. Секое НЕ се брои!“ и е наменета за млади на возраст од 18 до 25 години кои живеат во Велес. Учесниците на работилницата ќе добијат практично искуство и алатки за работа против корупцијата.
Работилница ќе се одржи на 12 ноември, (сабота) со времетраење од 4 часа. Одбраните учесници ќе добијат информации за местото и времето каде што ќе се одржи работилницата. Работилниците се базирани на методи и техники на неформалното образование и вклучуваат работа во групи, креативни методи и слично.
Модератори на работилницата ќе бидат членовите на младинската организација, која е национален претставник на меѓународната организација Anti Corruption International.
Сите кои се заинтересирани за учествуво во програмата треба да аплицираат на следниот линк најдоцна до 10 ноември.
За дополнителни прашања обратете се на следниов мејл aki.makedonija@gmail.com, или пак пишете во порака на нивниот Фејсбук профил.