Делегацијата на Европската Унија објави Конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон 2017“ . Конкурсот е организиран во соработка со Здружението на преведувачи ЗПРМ.
Целта на конкурсот е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.
Конкурсот е отворен за млади преведувачи, не постари од 26 години, а пријавените текстови мора да бидат преводи на (извадоци од) литературни дела: роман, новела, расказ, или документарна проза, од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.
Ќе бидат доделени награди за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави. Наградите ќе се состојат од: 500 евра парична награда, годишно членство во Здружението на преведувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието Културен живот.
Краен рок за доставување на текстови за конкурсот е 3 април 2017 година. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на Европскиот ден на јазиците, 26 септември 2017.
За повеќе детали за правилата на конкурсот отворете ОВДЕ (македонски) или ОВДЕ (албански јазик).
Пријавна форма на македонски јазик ТУКА, а на албански јазик ТУКА.
Кликнете ОВДЕ за најчесто поставувани прашања на македонски, а ОВДЕ за албански јазик.