„Digit Web – Community Websites“ e темата на овогодинешното издание на DIGIT. Главната идеја на настанот е работилница наменета за напреден веб дизајн, каде што ќе се работи на тема Front-End Community Websites, односно т.н. веб-сајтови за заедницата, сајтови кои решаваат одреден нејзин проблем.
Под „проблем“ би се подразбрало дека ќе се прават веб-сајтови за организациии – владини или невладини.
Настанот ќе се одржи од 28.11.2016 до 02.12.2016 во просториите на HUB Skopje, каде што за време на интерактивната петдневна работилница, натпреварувачите ќе креираат свои дела (веб-страни) со фокус на front-end дизајнот под менторство од вистински експерти во одредената област.
DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT) претставува едукативна работилница на различни теми во полето на дизајнот и програмирањето. Скратено од Design and Interactive Graphics in IT, датира уште од 2013-та година и е создаден со цел студентите од сите факултети да се здобијат со вистинско техничко знаење во овие полиња (графички, апликациски, интерактивен и било каков друг дизајн). Успехот на DIGIT ги надмина сите досегашни проекти од сличен карактер и овозможи посета на врвни компании од оваа област.
Повеќе детали во однос на предавањата, локацијата и деталите може да се најдат на официјалниот Facebook настан.
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да го пополнат следниот апликационен формулар.
Само 30 учесници ќе бидат селектирани. Крајниот рок за аплицирање е 20.11.2016, 12:00 часот.