Во случај некој да патува каде било во светот, а е во потрага по добра техно и хаус музика, од голема помош е светската мапа на која се претставени „андерграунд“ клубови од секаде.
Ако некој планира патување, или веќе е на местото каде ќе престојува во наредниот период, идејата на Techno Traveller Map е да понуди локални клубови кои би можеле да се посетат.
Мапата е обид на Метју Родригез, кој ја сложи мрежата на квалитетни клубови, во кои се пушта електронска музика. Таа е отворена и за надополнување, така што секој корисник може да помогне во нејзиното усовршување.
Мапата може да ја погледнете на следниот ЛИНК.