Четворица студенти го решија недостатокот на алгоритмот за препознавање на лажни вести на Фејсбук, а за тоа им биле потребни помалку од два дена.
За време на хакатон на Универзитетот Принстон (делумно спонзориран од Фејсбук), студентите го изработиле проектот именуван FiB: Stop living a lie.
Станува збор за екстензија на пребарувачот на Хром која ги чита содржините на Фејсбук, и ги верификува во реално време. Доколку некоја објава се испостави дека е лажна, „плагинот“ се обидува да ја најде вистината.
Алатката успеала да функционира и како проверка за автентичноста и легитимноста на вестите, но истовремено и да ги разликува мислењата од фактите.
Најимпресивно е што сите четворица прв пат ги работеле програмите Javascript, Python, „flask“ серверите и серверите за вештачка интелигенција, но успеале да ги научат и да создадат свој прозвод за 36 часа.
Во мисијата на тимот пишува: „Во моменталниот медиумски пејзаж, контролата над дистрибуцијата стана речиси подеднакво значајна како и самото создавање на содржината, а тоа му даде на Фејсбук огромна моќ“.
Влијанието кое Фејсбук го има во формирањето на мислења во реалниот свет е толку огромно, што потенцијално влијаеше на претседателските избори на САД, иако вестите кои се наоѓаа таму не беа комплетно точни.
Нашето решение е FiB, бидејќи со 1,5 милијарди корисници, секое мало нарушување во алгоритмот може да направи промена, а ние нема да останеме на само тоа“.
Студентите ја објавиле екстензијата како бесплатен, отворен производ, за секој да може да го инсталира.
Едноставното верификување дали некоја вест е вистинита или не, не може да ја спречи пропагандата и дезинформациите, но сепак, студентите сметаат дека ова е прв чекор и ќе продолжат да работат на проблемот.