[Фото] Студентка истури кечап врз албанската министерка за образование

Студентка која е дел од движењето „За универзитетот“, вчера истури кечап врз министерката за образование на Албанија, Линдита Никола. Движењето сподели фотографија од акцијата на нивната официјална Фејсбук страница.

„Оваа акција е чин на очајните студенти од Фиер кои не можат да си дозволат да платат мастер, бидејќи Никола не е само жена-мајка-министер. Овие персонализации се доста заостанати и праисториски. Ако вчера тоа не беше Миреле, можело да биде кој било од активистите на движењето „За Универзитетот“, различни на многу начини, но обединети во волјата. На местото на Никола, можело да биде некој друг од безрбетните крадци кои владеат”, напиша Реди Мучи, професор и активист од движењето.

Од самото формирање на движењето, студентите бараат намалувањето на таксите за студирање, да се зголемат инвестициите во државните универзитети и да се олесни вработувањето на студентите по дипломирањето. Во последните две години, тие организираа повеќе протести, иако досега немаат поддршка од надлежните.