Илустраторот Горан Костовски, попознат како ind.o.g со нова линија дуксери се обидува да ја зголеми јавната свест за проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните на нашето општество секојдневно.
Мемории е темата на новите зимски дуксери на ind.o.g, кој што веќе шеста сезона создава лимитирана серија на унисекс облека под името „Celebrate Life“. Мемории „потсеќа и навраќа на моментите од 90-тите и оживувањето на скејт и гранџ музиката којшто се случува последниве три години на глобално ниво“, пишува за серијата уметникот. Фотосесијата е сликана во тој дух и со тоа се оддава почит на скејт културата која што е присутна уште од 1990 во Скопје.
Фотосесијата е дело на фотографот Марко Монс, уметнички директор е ind.o.g, а како модели се појавуваат Бојан и Леа.
Celebrate Life во секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството, како возењето на велосипед, исчезнувањето на ноќниот живот во главниот град и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, човековите права и родовата еднаквост, медитациите, вегетаријанството и здравиот начин на живот, чистиот воздух и уништувањето на животната средина тие секогаш се представени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу.
Инаку, ind.o.g во своите дела најчесто ги употребувани случките кои го опкружуваат или што некогаш се случиле и оставиле силен печат врз него, а се најчесто поврзани со урбаната култура и сцена во главниот град. Досега има реализирано неколку самостојни изложби, а изложувал во Париз, Амстердам, Берлин, Хрватска, Словенија, Скопје и има одржувано предавања и работилници во Лондон.