Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерите, доделува Национални волонтерски награди.
По единаесетти пат, упатуваат јавен повик до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми за Златниот сертификат за волонтерство за 2016 година.
Предложените волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:
– Иницијативите / програмите да се реализирани во Република Македонија
– Предложените волонтери да се граѓани на Република Македонија
– Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2016 година
За предложените волонтери / иницијативи / програми треба да се испратите образложение, не подолго од една страна А4, зошто сметаат дека треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман / програма и контакт податоци на волонтерот или волонтерската иницијатива / организација).
Краен рок за доставување на предлозите е вторник 29 ноември 2016 година до 16.00 часот на следната е-маил адреса: mkcbt@t.mk со назнака: Златен сертификат 2016.
Наградените ќе бидат известени до петок 2 декември 2016, а јавно ќе бидат објавени во понеделник на 5 декември 2016 година.