[Фото] Комбе-чистач пропадна во реновираниот скопски плоштад

При чистење на површината, специјализирано комунално возило со гумите пропадна во плочите на централниот скопски плоштад „Македонија“.

Ова е делот од реновирениот плоштад, меѓу „Воинот на коњ“ и Камениот мост, каде пред година и пол беше додадена т.н. „сува фонтана“ со 128 прскалки. Ваквата летна атракција чинеше 2.5 милиони евра.

Фото: Социјални мрежи