Група американски уметници, дизајнери и вандали, наречени Truth in Advertising (TIA), правеле големи промени на билбордите низ Санта Круз во 80-тите со цел да ја прикажуваат реалноста зад производите кои се рекламираат.
Целта била да се спречи двојната вистина на рекламните кампањи, со интересни промени во фразите, кои го исмеваат продуктот кој се рекламира, спречуваат да се продаде или ја откриваат вистината зад слоганот.
Пример, една од промените била за Кент цигарите: место „Kent III, Experience It“, го промениле слоганот во „Cancer, Experience It“.
Движењето не било организирано, немало договор помеѓу уметниците, но наскоро станало популарно, па голем број билборди биле изменети од непознати сторители. Еден од нив, сега познатиот Боб Стејтон, решил да ги објави фотографиите од проектот од 80-тите на својата веб страница. Ова се некои од нив.