Група млади активисти од организацијата „Младите можат” во изминативе четири месеци ја спроведуваа иницијативата „Предизвикај се“ чиј крај ќе биде заокружен со Ораторска вечер. Настанот ќе се одржи во понеделник (28 ноември) во просториите на ЕУ Инфо Центар со почеток во 19 часот.
Целта на оваа иницијатива, како што велат од организацијата, е да работи на личниот развој кај младите. Во изминатиот период младите поминаа низ процес од три обуки на теми : емоционална интелегенција, менаџирање со време и ораторски вештини.
„Како чекор погоре во нивниот личен развој организираме ораторска вечер на која самите учесници ќе говорат. Покрај нив, ќе имате можност да слушнете и двајца извонредни говорници зборувајќи за непобедливата моќ на говорот. Дојдете, слушнете, забавувајте се! Дајте им поддршка и учете од овие млади кои ја започнаа постојаната трка со подобрување на себеси!“, се вели во повикот за ораторската вечер.