Џорџ Мајкл, поранешен член на Wham!, почина од срцев удар на Божиќ на 53-годишна возраст.
Во текот на својата кариера Мајкл постави нови стандарди за тоа што е општествено прифатливо и стана симбол на ЛГБТИ заедницата, како еден од првите геј пејачи кој јавно ја објави својата сексуална ориентација во 90-тите. Работеше и со голем број хуманитарни организации, а беше и активен борец во кампањите против ХИВ/СИДА.
Неговата смрт предизвика голем број на „твитови“ за тоа колку великодушен бил во текот на неговиот живот, а често вршел добри дела анонимно.
„Џорџ Мајкл работеше анонимно во засолниште за бездомници во кое волонтирав. Никогаш не кажав никому, побара од нас да не кажуваме. Ете таква личност беше“.
„Учесничка на ’Deal or No Deal’ ни рече дека и требаат 15 илјади фунти за терапија за плодност. Џорџ Мајкл тајно се јави наредниот ден и и ги подари тие 15 илјади“.
„Џорџ Мајкл беше и единствената ѕвезда на HWTRBAMillionaire кој, додека се коцкаше со парите на хуманитарна организација, рече „ако ги изгубам, јас ќе ги платам“.
„Во вест пред векови пишував за позната личност со која работев кој плати на медицинска сестра 5 илјади фунти, бидејќи студира за медицинска сестра и е должна. Тоа беше Џорџ Мајкл“.
„Џорџ Мајкл еднаш одржа бесплатен концерт за медицински сестри во државна болница како благодарам, бидејќи се грижеле за неговата почината мајка“.
„Даде на непозната жена 25 илјади фунти во кафуле, бидејќи плачеше за тоа дека е задолжена. И реле на келнерката да го даде чекот откако си замине“.