Мемето на Златко Стефковски е победник на наградниот конкурс #ЗамарамСоПолитика.
Како награда за неговото меме, Стефковски ќе добие безжични слушалки Sony, кои може да ги подигне уште утре, или од деветти јануари во просториите на Радио МОФ.
Со наградниот конкурс се затвори уште една кампања, во чиј фокус овој пат беа теми за младите и политиката, за граѓанскиот глас кој е обликувач на општествените текови.
Повикот беше отворен и спроведен од Радио МОФ, а поддржан од National Endowment for Democracy.
Во конкуренција за гласање беа 18 мемиња, испратени под псевдоним или со име и презиме.