Македонскиот бенд, „The Government“ го објави видео спотот за темата „Rain”.
Спотот е во режија на младата и талентирана режисерка Хана Миленковска, а во него главните улоги ги имаат професионалните танчери Валентино Апостоловски и Андријана Андреева.
Во спотот се појавуваат и момците од бендот. Зад камерите застанаа Мартин Поповски, Томи Мм и Златко Никодиновски, додека монтажата е дело на Кети Талевска, Мартин Поповски и Златко Никодиновски.