Македонската група String Forces ја започна 2017 година со ново видео за песната „Има ли“. Тие синоќа го промовираа видеото во две верзии, каде песната е отпеана на македонски и на германски јазик. За видеозаписот велат дека е слоевит, долго дотеруван, со многу жар, фокус и посветеност. Во продолжение, погледнете го видеото за „Има ли“.