ОК е веројатно најкористената и најпознатата кратенка во англискиот јазик, која се почесто сѐ користи како странцизам и во другите јазики. Неретко ја користиме и во Македонија.
Но, за потеклото на оваа кратенка сѐ уште се дебатира. Некои лингвисти сметаат дека е дериватив од фразата на шкотски „och aye“, некои велат дека доаѓа од грчкото „ола кала“, трети дека потекнува од јазикот на домородното американско племе Шокто – како зборот „okeh“.
Но, некој го открил одговорот во 1960-тите, кога Ален Вокер Рид, етимолог на Универзитетот на Колумбија го опишал потеклото на кратенката за прв пат во весникот American Speech.
Во 1838 година, уредниците на весници во Бостон сметале дека кратенките се многу популарни. Поради тоа, уредниците редовно запишувале G.T.D.H.D, односно „Give the Devil his Due“. Како интерна шега, користеле „oll korrect“, свесно пишувајќи ги зборовите неправилно место „all correct“ и претворајќи ги првите букви во кратенка. Од таму произлегла кратенката OK.
Фразата била популаризирана од прекарот на американскиот претседател Мартин Ван Бурен, „Old Kinderhook“, која била употребена за неговиот кампањски слоган како кратенката ОК.
Неговите поддржувачи го формирале „ОК клубот“, а терминот се користи редовно оттогаш.