Во рамки на џез програмата „Show Room” во Јавна соба во сабота ќе настапи еден од најпознатите џез бендови од регионот, „Милан Петровиќ квартет”.
Милан Петровиќ е пијанист, композитор и текстописец, но музичката кариера и популарноста ја базира на настапи по целиот регион со својот квартет. Во 2012 се отскона со авторскиот албум „Excursion”, кој е изработен во соработка со 38 најпознати џез и блуз музичари од Европа (Васил Хаџиманов, Душан Безуха, Wikluh Sky, Raw Hide, Blue Family и многу други) и за кој добива одлични критики на повеќе музички поратли меѓу кои и Popboks.
Со почеток во 21:30 часот, ќе го претстават „Dates” нивниот последен албум издаден во 2016, но и ќе ги изведат и своите хитови кои и се одлично познати на македонската публика.
Влезот во Јавна соба е слободен, но навремена резервација за овакви програмски вечери е задолжителна, велат од организацијата.
Уредник на програмата “Show Room” е Марко Василевски, а продукцијата е на Јавна соба, која ги отвора вратите за сите социјално иновативни проекти. “Show Room” e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.