Индијците се нација која покажува растечки интерес за нова технологија и користење на различни апликации. Во 2016 година, токму Индија била земјата во која биле преземени најголем број апликации.
Индија ги надминала Соединетите Американски Држави и Бразил минатата година и стана државата која презела најголем број на апликации од Гугл плеј стор. На прво место се и за поминато време во користење на апликациите.
Азиската држава е вториот најголем пазар за интернет и паметни телефони. Повеќе од 260 милиони луѓе во државата имаат паметен телефон, според истражување од Каунтерпоинт, кои сметаат и дека речиси 94 проценти од сите телефони увезени во Индија оперираат со Андроид.
Со повеќе од милијарда луѓе во државата, мнозинството штотуку треба да добие пристап до интернет и да користи паметен телефон. Компанијата за програмирање на апликации App Annie верува дека тоа наскоро ќе се смени.
„Феноменалниот прогрес на Индија во текот на изминатите две години е уште поимпресивен, ако се земе предвид нејзиниот потенцијал за дополнителни успеси“.