Ако ХИВ порано значеше смрт, денес, со помош на соодветна терапија вирусот може да се контролира, а заболените лица може да имаат долг и квалитетен живот. Но, неинформираноста на граѓаните придонесува за дискриминација кон лицата заболени со ХИВ. Тоа пак, ги спречува јавно да зборуваат за својата состојба.
Најефикасно средство за превенција е навременото тестирање. Тоа е целосно анонимно и е бесплатно. Со цел да покажеме колку овој процес е едноставен, тестот го направи и тимот на Радио МОФ.
П.С. Тестот беше негативен.
Повеќе на оваа тема, во видеото што го подготвија Емилија Петреска и Добромир Алексиќ.