Корисници на Инстраграм и љубители на фотографијата вечерва ќе имаат можност да ја посетат изложбата организирана од специјализираниот сајт за фотографии од оваа социјална мрежа – Instagraphy. Изложбата е од продажен карактер, па средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани.
Повод за изложбата е една година постоење на сајтот и на неа ќе бидат претставени дела на над 120 „инстаграмџии“.
Фотографиите ќе се продаваат по цена од 50 денари.
Покрај изложбата, организаторите ветуваат и добра дружба и музика, за која ќе се погрижи DJ Cyrillic.
Влезот е слободен.